Украинската безбедносна служба добила указ потпишан од шефот на државата Петро Порошнко со кој на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му се забранува влез во Украина.
Забраната кон Берускони е изречена поради неговата неодамнешна посета на полуостровот Крим, кого минатата година го анкерираше Русија.
– Во врска со италијанскиот државјанин Силвио Берлусокони на 14 септември беше донесена одлука со која му се забранува влез на територијата на Украина за период од три години, во интерес на безбедноста на државата, се наведува во документот кој го објави украинскиот весник „Апостроф“.
Имено, одлуката за прогласување на Берлускони за пресона нон грата во Украина уследи откако украинското јавно обвинителство нареди започнување истрага во врска со неговата посета на Крим.
Порошенко вчера потпишал указ со која на околу 400 лица им се забранува влез во Украина, затоа што се оценети како закана за украинската национална безбедност.
На листата се најдоа и 34 новинари и седуммина блогери од повеќе земји, меѓу кои и на тројца репортери од дописништвото на Би-Би-Си во Москва.
Во меѓу време, портпаролот на Порошенко, Свјатислав Цеголо денеска на својот налог на Твитер објави дека украинскиот претседател побарал од Советот за национална безбедност и одбрана од најновата листа на лица на кои им се забранува влез во Украина да бидат отстранети имињата на тројцата новинари од дописништвото на Би-Би-Си во Москва.