На роденденот на Европа криза на сите страни. Се заканува ли распад на ЕУ?

Денеска во Европа ќе се одбележи 71.година од завршувањето на Втората светска војна и 66.години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската Унија.

eu20200

Својот ден, Денот на Европа, унијата го дочекува соочена со бројни кризи, како никогаш порано.

Се пожестоки и се почести судири во земјите членки, а преовладуваат и спротивставени ставови за заедничките проблеми.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека австриската контрола на границата со Италија, со цел да се спречи приловот на мигранти, беше политичка катастрофа за Европа. Само неколку дена порано изјави дека на ЕУ и недостига заедничка европска визија:

“Идејата едно европско семејство, една визија, била илузија”

Во меѓувреме претседателот на Турција и порача на унијата дека нема да ги промени своите антитерористички закони заради добивање на безвизен режим кој го нуди Брисел.

“Жал ми е, ние ќе одиме по нашиот пат, а вие oдете по вашиот”.

migranti5-640x427

Разидување се заканува и во внатрешноста на унијата. Во Велика Британија наголемо тече камања во очи на референдумот на 23.јуни за тоа дали земјата да остане или да излезе од ЕУ. На сето тоа треба да се додаде и мигрантската, економската и украинската криза, кои сеуште чекаат на решение.

Сепак без оглед на поделените мислења на земјите членки на Европската Унија, регионот работи за пристапување и исполнување на условите за членство. Тука се Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Денешниот ден 9.мај во Европа се одбележува во знак на сеќавање на победата над фашизмот и декларацијата на Роберт Шуман кој во 1950. година го најави проектот за помирување и соединување , односно за основање на Европската заедница за јаглен и челик, која подоцна се развила во Европската Унија.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.