На прилепчани им дојде умот? 34 првомајски казни на подрачјето на СВР Битола за пијани возачи – само две во Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол и тоа: 15 на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, 3 во Македонски Брод, по 2 мерки во Прилеп и Крушево и 1 мерка на подрачје на Демир Хисар.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.