На прашањето „Шарени, каде сте сега?“, кое редовно се поставува откако токму шарените му помогнаа на СДСМ да ја преземе власта во Република Македонија, одговара активистката Ирена Цветковиќ, една од поистакнатите учесници во Шарената револуција.
„Шарени, каде сте сега?“ е прашање упатено токму до најгласните и најшарените учесници на протестите органзирани во пролетта 2016 година, а се актуализира уште во првите месеци на владеењето на СДСМ, кога Владата на Зоран Заев, која се устоличи благодарение на шарените, не само што не започна со исполнување на ветувањата дадени кон оваа група, ами ги спроведува нивните антиподи во најлоша форма.
“Каде се Шарените сега?
Драги заинтересирани,
Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.
10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.
Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим.
Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.
Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.
Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.
Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас”, пишува Цветковиќ на Фејсбук.
Извор: “Република”