Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека е во контакт со сите партии.
-Ситуацијата креирана по оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивни контакти со сите партии освен оние кои ги негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Исто така, за актуелните случувања јас сум во контакт и координација со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија. Ќе делуваме без емоции, но и без еуфорија, напиша Ахмети на Фејсбук.
Вели дека вечерва добил многу повици и поддршка од сите страни и им се заблагодари на сите.
-За сите случувања ќе бидете известени. Заедно секогаш и во секоја конфронтација, напиша Ахмети.