Денес, 21.08.2024 година, менаџерскиот тим на Бехтел ЕНКА кои ги градат автопатите на Коридор 8 и Коридор 10д имаше задоволство да се сретне со претставници на жителите на село Ореовец, прилепско. Целта на средбата, чиј домаќин беше градоначалникот на Прилеп, г-дин Борче Јовчески, беше да се разговара, во искрена и отворена атмосфера, за позајмиштето на камен (БП6), евентуални барања и решенија соодветни и прифатливи за сите страни. Претставниците на Bechtel ENKA ја повторија посветеноста на компанијата да работи со и за заедницата која е високо ценета и вградена во културата на вредности и визии за грижа на Bechtel ENKA – информираат од компаниите изведувачи на автопатските делници во Македонија.
Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:
Сите учесници ја признаа стратешката важност на изградбата на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10д за Владата на Република Македонија и нејзиното население. Бехтел ЕНКА уште еднаш потврди дека како општествено одговорна компанија предходно ја извршила сета потребна длабинска анализа. Раководството на Бехтел ЕНКА, исто така, потсети дека пред почетокот на работата на терен биле исполнети сите законски и регулаторни барања. Bechtel ENKA останува посветена на практикување на безбедноста на сите a воедно и заштита на животната средина и заедницата долж трасата.
Претставниците на Бехтел ЕНКА со големо внимание ги ислушаа поентите што ги изнесоа претставниците на жителите на с. Ореовец во однос на заштитата на животната средина, водоснабдувањето, културното наследство или кој било ендемски вид кој хабитира во таа област. Целосно усогласени со тие ставови, Бехтел ЕНКА им потврди на присутните дека се преземени сите неопходни мерки за заштита на животната средина. Во текот на дискусијата се разговараше за потенцијални решенија кои Bechtel ENKA високо ги вреднува и понатаму ќе му ги пренесе и на инвеститорот на проектот, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Состанокот беше заклучен со напомена дека вратата е оставена отворена за понатамошна дискусија и барање на најдобри можни решенија кои можат најдобро да ги искористат сите инволвирани страни. Бехтел ЕНКА останува многу благодарна за позитивниот и соработнички однос кој се одржува со жителите на село Ореовец и пошироко.