На охриѓанец му стасала порака на ФБ дека добил наследство, поверувал, па го “одрале” за 4.500 евра

На 19.04.2021 во СВР Охрид, 53-годишен жител од Охрид пријавил дека на 01.03.2021 бил измамен на социјалната мрежа „Фејсбук“.

– Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција.

Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството, треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.