Истражувачи од станицата Конкордија на Антарктикот неодамна покажаа што се случува со храната кога темепратурата ќе се спушти на минус 60 степени под нулата.
На официјалната Facebook страница на Европската вселенска агенција е објавена фотографија од овој интересен експеримент. Ако ве интересираше досега да дознаете како изгледа животот на Антарктикот, оваа фотографија ќе ви го открие одговорот.
Станува збор за фотографија на чинија со храна која е целосно замрзната, заедно со приборот за јадење. На прв поглед изгледа како храната да лебди. Тоа и воопшто не е чудно со оглед дека на Антарктикот е мрак по четири месеци, а во текот на зимата температурата се спушта минус 85 степени.
Европската вселенска агенција ја користи Конкордија за да ги тестира границите на човечката издржливост при вселенски мисии. Станицата ги имитира екстремните услови потребни за истражувања, како големи надморски височини и ниско ниво на кислород.