Холивудската легенда Кирк Даглас од секогаш се занимавал со хуманитарна работа, а тоа не заврши ни со неговото заминување. Актерот кој почиHa на 5 февруари, остави 60 милиони долари на хуманитарната фондација која ја основал пред речиси шест децении.
Даглас фондацијата, која во 1964 година ја направиле Кирк и неговата сопруга Ен, меѓу останатото, дава пари на Синајскиот храм во Вествуд и театарот Кирк Даглас во Кулвер Сити.
“Главната цел на Даглас фондацијата е да им пружи помош на оние кои им е најпотребна”, се наведува на веб страната на фондацијата.