Доктор Никола Пановски објави дека на социјалните мрежи му поскакувале смрт и оти знае дека не е омислен кај власта.
– Власта не ме сака значи на прав пат сум. Вистината боли но таа е. На 2.000 лица примени во болница, бројките се тие, не е тешко да се соберат два и два-вели докторот.
Тој вчера рече ќе има нов пик и оти околу 20 април ќе имаме над 60 починати дневно.
Тој во вчерашниот централен Дневник на Сител телевизија истакна дека процентот на смртност поради корона вирусот, кој воедно не се кажува јавно, изнесува околу 30 проценти до сега воопшто не се намалил, поради тоа што кај нас не се најде соодветен лек и пациентите се лекуваат на исти начин како и за време есенскиот пик.
„Никогаш не е кажан, меѓутоа се слушна процентот на починати на на, можеби најдобрата заедно со, инфективната и „8 септември“, ковид центар на интерните клиники од координаторот професор Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики од други луѓе што анализираат, процентот на смртност е околу 30 проценти. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500 рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше наесен и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи на на хоспитализираните пациенти“, истакна Пановски.