На добар пат е да биде дури и поуспешна од својата мајка: 17-годишната Мелани растури на последната емисија на “Ѕвездите на Гранд”

Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска нема кој не ја познава, а сега ретко кој не знае дека и нејзината 17-годишна ќерка Мелани Тарчуловска тргна по истите стапки.

После одличниот настап на овогодишниот “Макфест”, Мелани учествува на најголемото музичко талент шоу на Балканот, “Ѕвездите на Гранд”.

Во последната емисија Мелани се претстави со нумерите “Пожели сречу другима” и “Тажна љубов среќна песна”.

И покрај големата трема која можеше да се чуе во нејзиниот глас, таа успеа да ја добие поддршката на жирито кое ја награди со пет гласови, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Потоа Саша Павловиќ ја праша дали со Ѓорѓе се познаваат од претходно и зошто го избра токму него, на што Мелани на шега одговори: “Никој не го избра вечерва”, a со својот одговор ја насмеа публиката и жирито.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.