На време и непречено почна гласањето во прилепско

На време, точно во 7 часот почна гласањето во Прилеп на сите 142 избирачки места, информираат од Општинската изборна комисија во Прилеп.

glasanje-prilepsko

Според Каролина Шукуроска, претседател на Комисијата гласањето се одвива непречено.

Според Избирачкиот список во Прилеп се запишани 64.472 граѓани со право на глас. Се гласа во четвртата изборна единица и граѓаните се определуваат за една од седумте кандидатски листи.

Според општинските комиси во Кривогаштани, Долнени и Крушево и таму гласањето почна на време и се одвива без проблеми.

Во Кривогаштани вкупно се запишани 4.846 избирачи и се гласа на 13 избирачки места, од кои на 12 се гласа во изброната единица 4, а на едно гласачко место во петтата изборна единица.

Во општина Долнени на 39 избирачки места своето право на глас денеска го остваруваат вкупно 11.274 гласачи, а во Крушево на 23 избирачки места може да гласаат 7.851 избирач. Во Долнени и Крушево се гласа во петтата изборна единица и граѓаните може да се определат за една од 10-те кандидатски листи.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.