Под мотото „Едно небо за сите деца“ околу 500 деца од повеќе градови од земјава ќе се дружат и заедно ќе го прослават Божик на традиционалниот, заеднички, Божикен ручек на 7 јануари.
Во продолжение ви ја пренесуваме денешната прес конференција од организаторот на настанот:
“Дозволете ми најпрво од името на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како и од мое лично име, да упатам честитка до сите вас присутните и македонската јавност по повод Новогодишните и Божиќните празници, со желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.
Оваа година по 14-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. По 14-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги, д-р Пановски од Скопје.
Започнуваќи од 2006 година, Божиќниот Ручек се одржува веќе 14 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година. И оваа година гости ќе бидат традиционално петстотини деца од целата територија на нашата држава на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Битола, Тетово, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.
Заклучно со овој 14ти Божиќен ручек вкупно ќе бидат опфатени 7000 деца.
Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.
Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е поѕначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.
Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар,а на сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски. Како и минатата година, така и оваа за збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп. На оваа свечена манифестација за прв пат забавниот дел ќе го збогатат и малите ангелчиња Илина и Јована Николовски од Скопје, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски.
И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: Кромберт и Шуберт од Битола, Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски, нашето трето Дете Амбасадор, сега г-дин, Трајче Камчески.
Организацијата на овој 14-ти по ред Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, А.Д. Реплек од Скопје, Адора инженеринг од Скопје, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница и Фан продукција Зоран од Прилеп. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Сити медиа, Радио 5 чоки и Радио Пела, веб порталите Плус Инфо, Бриф, Слободен печат, Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас”.