Лидерите на албанските партии речиси едногласни во одлуката дека не треба се брза со изборите, односно дека треба да се послушаат здравстените експерти, а датумот да се определи со консензус на сите партии.
– Здравјето на граѓаните треба да биде на прво место. Мојот предлог е повторно да се сретнеме откако ќе заврши вонредната состојба. Јас го прашав и премиерот и претседателот дали се сугурни дека по 30 мај ќе прекине вонредната состојба, тие не ми одговорија.
ВМРО-ДПМНЕ не е едниствената партија која не го поддржа предлогот на Зоран Заев за брзи избори, изјави Зијади Села.
Села додаде дека треба да се послуша и Државната изборна комисија која соопшти дека ќе и бидат потребни повеќе од 20 дена по завршувањето на вонредната состојба за да ги спроведе изборите.
Речиси идентичен беше и ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој смета дека со оваа ситуација не смее да се политизира и партизира. ДУИ исто така стои на ставот дека се потребни избори, но во моментот кога ќе се создадат услови за тоа и кога здравјето на граѓаните нема да биде ризикувано.