Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат. За разлика од гостите кои ако сакаат да влезат во кафеана или кафуле мора да приложат сертификат за вакцинација, персоналот нема потреба да има.
-Вработените не се должни иако е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти, велат од МЗ за Алфа.
Треба да се нагласи дека, ваквиот чин на селекција при рестрикциите е спротивен на членот 3 од Уставот на Република Македонија, според кој „се забранува секаков вид на дискриминација, па дури и по основ на здравствена состојба“.
Целиот прилог погледнете го на “АЛФА ТВ”