Најчевска кaзнeтa со 200 евра за фрлање боја за време на шарената револуција!?

Универзитетската професорка и активист за човекови права Мирјана Најчевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ќе треба да плати 200 евра за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на шарената револуција. Најчевска добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја.

„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра. Тоа е онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на шарената револуција, чиј дел бев и јас, а којашто се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување на кој било облик на насилство. Имам намера да го оспорам решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозорец. И ги повикувам моите другарчиња од шарената револуција кои во моментов топлат фотелјчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотелјите во власта“, вели Најчевска во статусот на „Фејсбук“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.