Најубавиот божиќен подарок: Реакцијата на детето кое дозна дека тетка му ќе го посвои (ВИДЕО)

Емотивниот момент кога момче ќе дознае дека ќе биде посвоено од неговата тетка ќе ви го исполни срцето со топлина.

Малиот Картер живеел во лоши семејни услови, па неговата тетка Леа го згрижила извесно време. Откако тој доби повеќе божиќни подароци, нему му беше дадена кутија со порака која ќе му го промени животот.

11-годишното момче не може да ги задржи солзите кога ќе прочита во пораката дека неговите роднини го канат да им биде нов „син и брат“.

„Не е само Картер среќник во оваа ситуација. Ние сме благословени да го имаме како дел од семејството. Тој е мало добро момче. На сите ни треба многу прилагодување. Ќе го имаме Картер во нашите молитви додека тој закрепнува и транзитира во нашето семејство“– изјавила Леа, која веќе има седум биолошки деца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.