НАЈТРОФЕЈНО УЧИЛИШТЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

12650576_10207100628168512_1116257226_n

Министерството за образование и наука го прогласи ООУ Кочо Рацин – Прилеп за најтрофејно училиште за 2015 година, поради големиот број на освоени награди на меѓународни и државни натпреварувања.

Учениците и вработените од ООУ Кочо Рацин – Прилеп во 2015 година се закитија со едно ПРВО место на меѓународно ниво, четири ПРВИ и четири ТРЕТИ места на државно ниво, како и неколку Први, Втори и Трети места на Регионално и Општинско ниво.

12659831_10207100628288515_2001350570_n

12596116_10207100628048509_582379714_n

Со оглед на тоа дека списокот на освоени награди е многу голем, ќе ги спомнеме добитниците на награди на меѓународно и државно ниво, а тоа се:

ПРВО МЕСТО за краток филм со име ,,Образовен филм за Крали Марко” на меѓународниот натпревар “Kreativna carolija” во Ниш, Р. Србија. Филмот е снимен во локалитетот ,,Маркови Кули”, а актери во филмот се ученици од прво одделение – ментор проф. Наташа Мирческа.

ПРВО МЕСТО (четири години во континуитет) за училишниот оркестар при ООУ Кочо Рацин – Прилеп под раководство и менторство на проф. Ѕвонко Мирчески.

ПРВО МЕСТО за ученикот Марко Илиоски, државниот првак по Математика – ментор проф. Александра Христоска.

ПРВО МЕСТО за ученичката Ангела Станкоска, државен првак по Биологија – ментор проф.  Љупчо Преспаноски.

ПРВО МЕСТО за ученичката Галена Аризанкоска, државен првак по Македонски јазик -ментор проф. Наташа Кулевска.

ТРЕТО МЕСТО за ученичката Нина Насеска на државниот натпревар по Математика – ментор проф. Александра Христоска.

ТРЕТО МЕСТО за ученикот Никола Талевски на државниот натпревар по Информатика – ментор проф. Николче Секулоски.

ТРЕТО МЕСТО за ученикот Давид Атанасоски на државниот натпревар Народна техника, применета физика – ментор проф. Валентина Деспотоска

ТРЕТО МЕСТО за ученикот Филип Беџоски на државниот натпревар Германски јазик – ментор проф. Габриела Темелкоска.

Во Понеделникот започна новиот циклус на едукативната емисија “Голем одмор” на МРТ , a ООУ “Кочо Рацин”  како најтрофејно училиште, прво учествуваше во новоуреденото студио

12659859_10207100627968507_8682461_n

12666242_10207100627928506_402177003_n

12674202_10207100627888505_1277776817_n

Навистина е прекрасно кога постојат ментори кои си ја знаат работата, ја работат со љубов и вложуваат се од себе, а резултатите се евидентни. Успесите на ООУ Koчо Рацин од Прилеп треба да бидат пример за сите образовни тимови во другите образовни институции, без разлика дали се работи со деца од основно или средно образование. Нам ни преостанува само да ги пофалиме, да им се заблагодариме за успешната работа и труд што ги вложуваат во децата, и да им посакаме уште поголеми успеси и одликувања во иднина.

12695874_10207100628088510_99840532_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.