Замислата била во таа соба да се внесат најважните документи на американската историја, но Броглум умрел пред што успеал да ја заврши.
Веројатно една од најпознатите американски знаменитости, планината Рашмор на која се наоѓаат скулптурите на четворица американски претседатели, крие тајна соба во која не смее да се влези.
Уметникот Гутзон Броглум целиот проект го започнал во дваесетите години на минатиот век и ја замислил планината како приказ на неколку важни моменти на американската историја, но неговиот план сепак бил малку преамбициозен, па му е дозволено да работи само на изработката на главата на четворицата претседатели. (Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн)
Замислата била во таа соба да се наоѓаат сите најважни документи на американската историја, но Броглум починал пред да ја заврши. Деведесетите години на минатиот век проектот сепак е завршен, па сега во неа, во мала дрвена кутија, сместена во трезор направен од титан, се наоѓа Декларацијата за независност, Повелбата за човекови права и Уставот.
На туристите влезот во оваа просторија им е забранет.
Погледнете го видеото:
А.Г.