Деновиве Харизма Бенд и Ивана Наумова го промовираа најновиот проект насловен “Музика и Вино”. Овој проект се состои од 2 сплета од кои едниот е составен од македонски свадбарски песни, а другиот содржи безвременски кафански хитови. Промоцијата се случува во вистинско време, во празничен период кога музиката е составен дел од секој дом. Вкупно 30 минути музика отсвирена и отпеана во живо.
“Ние веруваме дека музиката може да го подобри вкусот на виното, а исто така и виното може да го подобри звукот на музиката, па затоа нашиот најнов проект го насловивме Музика и Вино. Проектот го изработивме со многу љубов. Се надеваме дека луѓето ќе ја препознаат нашата енергија и дека овој проект ќе стане дел од семејните прослави и ветуваме дека ќе уживаат гледајќи и слушајќи ги овие внимателно одбрани песни.” – изјавија од Харизма Бенд.