Ако некој успеал преку ноќ да привлече големо внимание во музичкиот натпевар „Пинкови ѕвездички“, тогаш тоа е секако петгодишната Јована Радоњиќ.
Ова преслатко девојче потврда за својата популарност добива и на Јутјуб.
За само 24 часа нејзиниот настап во најпопуларниот музички натпревар забележал повеќе од 150.000 прегледи. И не само нејзиното изведување на песната „Дајре“ привлекло големо внимание, туку и нејзината комуникација со членовите на жирито, која исто така на осебен начин има повеќе од 100.000 прегледи.