Најмасовен марш за Македонија и нејзините БРАНИТЕЛИ, денес 19 часот “Липа”

dav

Време е да се биде или не! Време е да се одбранат националните интереси и да се спречи распад на државата. Време е да се обединиме како Македонци и да се спротивставиме на урнисувањето на унитарноста на татковината. Да се спротивставиме на каубојското газење на законите и уставот на државата и да кажеме “НЕ” за платформата од туѓа држава, која сакаат да ни ја протуркаат пред очи и да не направат народ од втор ред во сопствената држава.

Случувањата во четвртокот во македонското Собрание се доказ дека трпението на народот е при крај и дека секоја провокација на граѓаните кои ја сакаат оваа држава ќе резултира на истиот начин.

СДСМ и албанските партии кршејќи низа членови на Уставот на државата на нелегален начин, на начин кој го нема ниту во африканските држави, го избраа Талат Џафери за Претседател на Собранието и тоа во момент кога пред македонскиот законодавен орган имаше илјадници граѓани. Останува прашањето дали свесно се изведе тој чекор и се навлече гневот на граѓаните?

За да ова престане, станете и разбудете се Македонци и во 19 часот на протест пред хотелот “Липа” во Прилеп. Заедно да го кренеме гласот на најмасовните граѓански маршови против погазувањето на посебноста на македонскиот народ и обидот за промена на националните и државни симболи.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.