Најдобрите македонски фудбалери донираа еден куп опрема за болниците: Вистински пример за почит кон својата татковина (Фото)

Фудбалерите од А селекцијата на Македонија донираа најразлична медицинска помош за две болници во нашата земја.

Веста на социјалните мрежи ја обвјави репрезентативецот на Македонија и член на калчолигашот Удинезе, Илија Несторовски.

“Апел од нас фудбалерите на А репрезентацијата на нашата сакана земја. Иако сме далеку физички, ние сме со цело срце и душа со нашиот народ. Денес дониравме одредена количина заштитна опрема на медицинскиот и помошниот персонал во ГОБ “8-ми Септември” и KИФБ Скопје”, напиша Несторовски.

Болницата „8ми септември“ и Клиниката за Инфективни болести во Скопје од фудбалерите добија маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, заштитни визири и друга опрема.

“Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани, не штедејќи се себе во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа, сега кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал”, пишува Несторовски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.