Најдобриот со најдобрите: Прилепчани имаа прилика да се сретнат со големиот Александар THE GREAT Волкановски (ФОТО)

Нашиот истакнат карате тренер, прилепчанецот Златко Димоски, кој со неговото семејство живее и работи во Австралија, од пред една недела е назначен за главен карате тренер на Западна Австралија, при што тимот го комплетира со шест помошници.

Негови ќерки се близначките каратистки Maријана и Мишела Димоски – шампионките кои растураа во Македонија, а сега се најдобри и во Австралија.

Вчера семејството Димоски имаа прилика да го следат дуелот помеѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски, кој Махачев го доби со судиска одлука.

Со овој триумф Махачев стигна до рекорд од 24 победи и еден пораз во УФЦ и ја задржа титулата во лесна категорија.

Волкановски пак има исто така 24 победи, а го претрпе вториот пораз во кариерата. Многумина сметаат дека Волкановски е ограбен од страна на судиите, а и самиот тој истакна дека смета дека победата требало да биде негова.

Нашите прилепчани потоа имаа прилика да се фотографираат со Волкановски, УФЦ борецот со македонско потекло кој стекна огромна слава во Македонија и светот во изминатите години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.