Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова е најновото засилување за францускиот Пари сен Жермен.
Од францускиот клуб Андонова ја најавија како големо засилување и веруваат во врвните квалитети на 23- годишната девојка од Неготино.
Андонова настапуваше за шведски Розенгард во првиот дел од сезоната, па поради тоа нема да биде во можност да му помогне на тимот од Париз во обидот да го освои европскиот трон во Лигата на шампионите.
A.Г.