Научници од Универзитетот Сент Луис ќе плаќаат 3.500 долари на луѓе кои се подготвени да престојуваат во хотел во кој ќе се заразат со грип, а целта е да се пронајде универзална вакцина против овој вирус.
“Хотелот Инфлунца” има 24 соби, а во него волонтерите ќе добијат вакцина и ќе бидат изложени на вирусот.
Меѓу нив е и видот H3N2 од кој починале голем број млади и деца, меѓу кои имало и вакцинирани.
Оние кои се пријавуваат да учествуваат во истражувањето, ќе мора да престојуваат во хотелот 10 дена и ќе имаат целосна нега и забава.
Истражувачите тврдат дека ова место е совршено за развој на универзална вакцина, која американската влада ја смета за приоритет на јавното здравје.
Секоја година вакцините се подобруваат, но и покрај тоа илјадници луѓе умираат, бидејќи вакцината е ефикасна само 30%.