Најдобрата забава за 2025 година! Кубанската магија пристигнува во Прилеп, ќе биде ова вечер за паметење (ВИДЕО)

Ресторан „Порта“ од Прилеп подготвува ново музичко доживување. Во среда, на 26 ноември, на огромно задоволство на сите, во Прилеп ги носат популарните „Тумбао Салса Бенд“, предводени од познатиот македонски музичар Петар Ренџов.

Овој состав веќе две децении ја гради својата уникатна музичка приказна, во која се спојуваат ритмите на традиционалната кубанска музика со македонскиот мелос. Токму ова преплетување создава специфичен звук по кој бендот е препознатлив и кој успешно ја доближува латино енергијата до македонската публика.

Во своето повеќегодишно постоење, „Тумбао Салса Бенд“ остави силен впечаток со автентичните аранжмани на песни како „Среќата со пари не се купува“, „Фато мори душманке“, „Рандеву“ и „Македонско девојче“. Овие изведби, преплетени со карипски ритми и латино динамика, претставуваат ново музичко искуство кое го збогатува локалниот сценски простор.

Особено внимание привлекува и настапот на вокалистката Јасмин Лопез, Кубанка која живее и работи во Македонија. Нејзиниот топол и впечатлив вокал доаѓа до израз и во изведбите на македонски народни песни и во латино композициите што се дел од репертоарот на бендот. На голем број концерти, Лопез наизменично пее на македонски и на шпански јазик, при што создава дополнителна атмосфера и емотивна длабочина.

Настапите на бендот често се опишуваат како музички мост меѓу две култури — кубанската и македонската — кои и покрај различните традиции, споделуваат слична енергија, радост и интимност во изразот. Спојот на овие елементи е причината што секој концерт на „Тумбао Салса Бенд“ претставува своеобразно патување низ ритам, емоции и сценска магија.

Настанот во Ресторан „Порта“ е одлична можност за сите љубители на латино музиката, за оние што сакаат нови музички доживувања, како и за посетителите што уживаат во интерпретации што го освежуваат традиционалниот македонски звук.

Настапот во ‘Порта’ е закажан за 26 ноември (среда), со почеток од 20:30часот. Публиката ќе има ретка можност да ужива во музички состав што 20 години успешно ја спојува кубанската традиција со македонската музичка автентичност.

Резервирајте навреме на тел.бр. 078 368 111

Настанот е поддржан од винарија BOVIN




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.