Сите знаеме дека во нашите стари кутии во подрум има многу глупости и непотребни дребулии, но понекогаш, средувајќи ги, таму може да откриете многу интересни работи.
Така, Ренди Џихаро од Калифорнија стана побогат за речиси пет милиони долари и сето тоа поради една фотографија.
Имено, Ренди наишол на стара кутија со фотографии, доволно интересни, за тој да плати за нив два долари. Потоа, разгледувајќи ги подетално, забележал дека на една од сликите се наоѓа ликот на еден од најлегендарните американски одметници и ограбувачи во 19-от век – Били Д Кид.
Фотографијата е направена во 1881 година, кога познатиот разбојник на „дивиот запад“ имал 21 година. На неа тој со својата банда игра крикет.
За кратко време по откривањето, пронаоѓачот ја огласил сликата за 5 милиони долари.
Џеф Ајело, кој моментно работи на документарец за прочуениот престапник од предминатиот век, ја испита и потврди автентичноста на сликата, па таа така и ќе се најде во филмот.