Најголемите заводници на мексиканските сапуници: Вака денеска изгледаат глумците од сериите Руби и Есмералда (ФОТО)

Тие жареа и палеа во 90-тите години во мексиканските хит сапуници. Жените ширум светот воздивнуваа за нив, а вака денеска изгледаат славните заводници

Фернандо Колунга

После 20 години, тој и понатаму изгледа феноменално.

Buenas tardes ??✌???

A post shared by Fernando Colunga (@fernandocollunga) on

Фернандо Колунга го глумеше добродушниот млад доктор Хозе Арманда кој се заљуби во слепата Есмералда. Фернандо денеска има 52 години и понатаму глими. Бил во врска со многу свои колешки. Зад себе има пропаднат брак, но последните години мексиканските медиуми неуморно ја преиспитуваат неговата сексуалност.

Едуарно Сантамарина

Felices Pascuas????

A post shared by Eduardo Santamarina (@eduardosantamarinamx) on

Едуардо Сантамарина беше главен заводник во серијата Руби. Едуарно глумеше млад сликар во кој се заљуби Марисол во истоимената серија. Тој и понатаму е голема ѕвезда во Мексико. Снима филмови и серии. Неговото венчавање во 2009 година предизвика огромен интерес. Тој денеска има 49 години.

Себастијан Рулји

Себастијан Рулји во хит серијата “Руби”, беше еден од љубовниците кого главната глумица го вртеше околу малиот прст. За него воздивнуваа жените ширум светот. Згодниот глумец зад себе има пропаднат брак со колешката Сесилја Галјано. Имаат 8-годишен син. Од 2014 година е во врска со колешката Анхелика Бојлер.

Саул Лисазо

Nos cerraron la plaza roja?

A post shared by Saul Lisazo (@salisazo) on

Саул Лисазо го играше успешниот бизнисмен Давид Монталва кој се заљуби во убавата Лорена во серијата “Акапулко со душа и тело”. Саул бил успешен фудбалер, но повредите го натерале да прекине со спортската кариера и да стане модел. Со тоа се занимавал до 1990 година кога започнал да глуми во сапуниците, а тоа го работи до ден денес. Саул им 61 година и моментално е во Русија каде го бодри Мексико на Светското првенство во фудбал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.