Најглупавиот измамник што сте го виделе досега: Се обидуваше да лажира повреда за да земе пари од осигурувањето, а сега сите му се смеат (Видео)

57-годишниот Александер Голдински од Њу Џерси одлучил да исценира пад во кантината за да добие пари од осигурувањето.

Тој истурил коцки мраз на подот, проверил дали има некој во близина и потоа полека легнал на земјата, чекајќи некој да го најде.

Голдински е уапсен поради “лажен пад”, а како што наведуваат од полицијата, инцидентот се случил помеѓу септември и ноември минатата година.

-Ваквите лажни обвиненија им нанесуваат штета на сите и ќе го гониме секој кој сака на илегален начин да манипулира со системот, изјавил тужителот Ендру Кери.

Погледнете го видеото кое го насмеа светот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.