Најбројното семејство го чека своето 22. дете

Сузан и Ноел Радфорд имаат 21 дете и објавија дека Сузан е во 15-тата недела од бременоста. Таа се надева на момче и повеќе нема да зборува дали ова ќе биде нејзината последна бременост.

Откако го роди 21-то дете таа рече дека повеќе нема да раѓа, а потоа медиумите објавија дека Сузан Радфорд (44) и нејзиниот сопруг Ноел (47) од Ланкашер, Велика Британија, имаат убави вести: Сузан е бремена по 22 пат. Тоа е, без сомневање, големо изненадување. Таа за прв пат родила кога имала 13 години, а Ноел 17.

Биле одлучни да го задржат бебето. По четири години го имале и второто дете и така година по година семејството се зголемувало.

Овие денови на ЈуТјуб објавија снимка од ултразвук на која се гледа дека таа е во 15-тата недела од бременоста, па ќе треба малку време додека не се дознае полот на детето.

Ноел во разговор со медиумите рекол дека на почетокот посакувале да имаат три или четири деца, но како што растело семејството, се навикнувале и уживале во тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.