Да имате куче, многу пријатели и среќен брак е клучот за подолг живот, тврдат американските научници. Исто така истакнуваат дека ова е поважно и од местото на раѓање, богатството и социјалниот статус.
Истражувањето започнало во 1940 година. Во него учествувале 200 здрави и млади Американци. Личностите кои биле во среќен брак, имале многу пријатели и куче, живееле значително подолго, а некои од нив се сеуште живи.
Резултатите на научниците не изненадуваат нешто претерано. Всушност, среќен брак и многу пријатели ја прават секоја личност поцелосна. Што се однесува на кучињата, веќе е докажано дека луѓето кои имаат куче имаат и помала количина на холестерол, понизок крвен притисок, подобро се справуваат со стресот и се посреќни.
Богатството и социјалниот статус, од друга страна немале големо влијание на животниот век. Сето тоа нема преголема смисла ако личноста е осамена. Заклучокот на научниците е дека среќата игра клучна улога во животниот век на луѓето. Исто така истакнуваат дека некои луѓе среќата погрешно ја сфаќаат. Среќни се оние луѓе кои имаат равиена емоционална интелигенција.
Ако не сте во брак, а вашиот круг на пријатели е мал, земете куче во вашиот дом. Освен што ќе ве направи среќни, ќе запознаете поголем број луѓе и можеби ќе стекнете нови пријатели. Сето тоа се чекори за среќен и подолг живот.