Натпреварот „Вешта жена„ во Прилеп

_MG_2833

По 14-ти пат во Прилеп се одржа општинската манифестација „Вешта жена„ на која беа прзентирани пет  уникатни декорации на јадења, изработени на различни теми од пет учеснички и една гранд – при натпреварувачка, Мирјана Димитриеска,  која по тригодишна пауза,според правилата на манифестацијата, повторно се вклучува како натпреварувач. “Тутун“,“Бавча“,„Машина за шиење“,„Собата на баба“ ,беа дел од темите на гурманските специјалитети кои беа презенитрани од вештите раце на Прилепчанки.

_MG_2835

– Напреварот се состои од неколку дисциплини: вкус и декорација на главното јадење, декорација на салфети, изготвување на икебана, декорација на десерт и општ впечаток на целата декорирана маса, кој ја отценува стручно жири, но и сите гости на вечерта. Најдобрата поединка ќе биде дел од републичката манифестација „Вешта жена“ ,која завршува во Лешок – вели претседателот на “Вешта Жена„ од Прилеп, Милка Бошкоска

_MG_2851

_MG_2839

– Манифестацијата „Вешта жена“ се организира по 25 –ти пат, во 23 градови на Македонија и завршува со Републичката манифестација на која учестуваат победничките од сите градови- учесници. Манифестацијата има за цел да го негува наследството во готвење традиционални јадења и претставува можност на едно место да се соберат жени од различна возраст, национална и верска припадност –  вели Снежана Стојановска, организатор на Републичката манифесација „Вешта жена“.

_MG_2856

Манифестацијата „Вешта жена“ во Прилеп ја посетиа 450 жени, кои уживаа во декорациите на натпреварувачките, како и во одличната забава.  Инаку, манифестацијата “Вешта жена“  датира од 1992 година, која започна како општински натпревар во Тетово, за потоа да се прошири и во другите градови на Македонија.

_MG_2864

_MG_2870

_MG_2876

_MG_2918

_MG_2932




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.