Наташа Малинкова има одлична порака до сите во нејзината нова песна – Живејте и сакајте без правила, зашто “НЕМА ПРАВИЛА” (ВИДЕО)

Наташа Малинкова има одлична порака – живејте и сакајте без правила зашто „НЕМА ПРАВИЛА“

Наташа Малинкова деновиве на јавноста реши да ѝ ја претстави својата нова песна со наслов „Нема правила“. Станува збор за, како што вели, емотивна баладa која допира длабоко и зборува за љубов која не познава и признава граници, која нема логика и, се разбира, ниту правила.

„Нема правила“ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку. Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко. Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера“, вели Наташа и додава: „Имам само еден живот, една песна – недопеана.“

Комплетен автор на песната која претендира да стане вистински летен хит – инаку уште едно лично, артистичко отворено писмо за сите оние кои некогаш љубеле без објаснување, без услови, само со цело срце, е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио Аврамов рекордс и е снимена.

Видеото, пак, е со потписот на 351 Студио – екипа која повеќе од една деценија е посветена на креирање визуелно зачудувачки и влијателни креативни решенија. Впрочем, видеото за „Нема правила“ е доказ дека надвор од границите на можеби очекуваното видео парче, а од кои излегува Наташа секогаш има многу повеќе.

Уживајте во оваа летна тема, спакувана наменски да нѐ расположи, да нѐ размрда и да нѐ потсети дека во миговите кога можеби сме нерасположени или, што се вели ‘не ни е денот’, насмевка може да ни измами само убава музика и мислата дека после дожд секогаш доаѓа сонце. И, секако, дека што и да се случува во животот сепак во спомените остануваат само убавите работи.

Слушнете ја „Нема правила“ и не заборавајте – бидете свои, бидете спокојни, среќни и насмеани и едноставно уживајте во секој миг од животот без објаснувања, услови, со сето срце и без правила зашто НЕМА ПРАВИЛА!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.