Kaко и изминатите четири години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево одржа литија со моштите на Св. Климент Охридски и други светители низ улиците на градот.
Литијата започна после вечерната богослужба во храмот Св. Никола, по што свештениците и голем број верници се упатија по улиците низ Крушево, носејќи ги светите мошти на Св. Климент Охридски, по што повторно се вратија во храмот.
Еден прекрасен настан кој зрачеше со љубов и убавина! Нека им е за навек традицијата!