Наставниците Маја Бунтеска, Маја Николоска, Христина Тошеска и Бобан Петрески, од ООУ “Страшо Пинџур” с. Мало Коњари, за конкурсот “Креативна чаролија”, во Република Србија, снимија образовен филм на тема „Потикнување за учење во надворешна средина“.
Филмот под наслов „Надворешната средина училница на 21 век“, беше прогласен за победнички на 12 Меѓународен фестивал, “Креативна Чаролија”, кој се одржа на 28 и 29 Мај во Бања Вруици.
Инспирацијата за да се сними овој филм овие млади и креативни наставници ја пронајдоа во секодјневната пракса и новите методи на учење кои се повеќе бараат знаењата на учениците да бидат практични, а не теоретски. Наставниците исполнети со импресии, нови искуства и познанства се вратија со победничкиот пехар кој ќе претставува нов мотив за уште поголеми успеси.
Во продолжение погледнете го нивното дело кое им ја донесе наградата: