Според првичните информации, околу 98% од наставниците и професорите во прилепските основни и средни училишта го поддржаа штрајкот во образованието.
Синдикалците велат дека вработените во просветата главно ги поддржуваат барањата на СОНК и ќе стојат на ставот за усогласување на платите.
Од СОНК Прилеп велат дека само 20тина наставници денеска одржуваат настава во училиштата.
Во регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени СОНК брои 2870 членови, што според овие информации од СОНК над 2800 членови го поддржаа штрајкот.
Засега нема информации каква е состојбата во градинките.