Народот лаже? Премиерот го сликаа како купува леб во маркет (ФОТО)

Премиерот Димитар Ковачевски не испушта прилика за себепромоција со цела продукција зад себе, во која на граѓаните им се прикажува како обичен човек, односно еднаков на сите.

Откако се сликаше како јаде тост, риба во работничка менза, гравче во студентски дом и сендвич во киоск, сега на неговиот Фејсбук профил осамнаа фотографии како утрово заминал да пазари леб во маркетите, секако пропратен и со камери и фотоапарати, платени од јавни пари.

-Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните.

Со новата владина за одлука за снабдување на лебот со замрзната цена, го штитиме стандардот на граѓаните.

Ги обврзуваме трговците на мало кои продаваат леб во дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80% од лебот по цена од 33 денари. Пекарите имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80% од производството. Граѓаните мора да ги имаат основните производи – напиша Ковачевски на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.