Фејсбук статус на Дарко Костовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел.
“Скандал од невидени размени во Општина Бутел!
Имено Општина Бутел на чело со градоначалникот Смилевски на 10 Април 2020 година склучува договор за привремени вработувања чија сума изнесува неверојатни 28 милиони денари или 456 илјади евра за над 130 привремени работни места за период од една година.
Дали Велимир Смилевски смета дека не е надвор од здравиот разум половина милион евра да троши за привремени вработувања на партиски пајташи во време на една од најголемите здравствени и економски кризи во поновата човекова историја, во време кога во Македонија десетици илјади луѓе остануваат без работа и парче леб.
Смилевски итно треба да одговори на следниве прашања:
-На кој начин се одбрани овие 130 вработени ?
-Има ли општината навистина потреба од волку голем број на ново вработени лица и зошто ?
-Дали ова расипничко однесување е дел од мерките на општината со која се бори со Корона вирусот ?
-Дали не му е срам да троши половина милион евра за партиски вработувања додека во амбулантата во Бутел лекарите кои се на првата борбена линија со вирусот немаат основна заштита ?
-Дали Смилевски јавно ќе ги објави сите вработени со Име Презиме и кој на која позиција е ангажиран ?
Срамота, крајно недомаќински однос во исклучително тешки времиња”.