Малиот Марко Пејчиновски предмалку го започна својот нов подвиг.
Марко ќе плива цели 64 километри во водите на Охридското езеро, а неговата траса ќе се движи до Св. Наум, потоа до Струга и ќе финишира во Охрид утре на големиот христијански празник „Успение на пресвета Богодорица“.
Подвигот на Марко Пејчиновски е дотолку поголем ако се има предвид фактот дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.
Марко плива за лицата со ретки болести, за што беа испечатени и маички, а средствата добиени од продажбата на истите ќе бидат донирани токму за овие лица.