Напнато во Охрид! Нанче на протестот за Алипашината џамија: “Не ни треба kpв, туку разум”

Михаил Трендафилов – Нанче од „Совест“ вели дека Охрид се топи, а тие ќе бидат запишани во историјата дека ја предале Македонија. Нанче рече дека тие сакале легален начин да се заврши работата, а не крв да падне.

На протестот протестираа жители на Охрид, кои даваа поддршка да се реши прашањето за Алипашината џамија. Протестот се одржа пред седиштето на Општина Охрид – објави порталот “Охрид 1”.

„Тие сакаат да ни стават нешто, за да кажат колку се големи. Овие се два голија. Секоја чест за ние што се собравме тука, а нечест за сите оние кои се кријат на Фејсбук и портали за да не ги сликаат. Нас крв не ни треба, туку разум и ум. Во Охрид сме 90 проценти христијани, а 10 муслимани. Тие раководат. 10 на 1 а тие се посилни. Тоа е затоа што и позиција и опозиција се борат кој повеќе да стави во џеб“, рече Нанче од Совест за џамијата.

Видео прилогот од протестот во Охрид погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.