Напален делфин ги избркал туристите од вода во Франција: После нападот врз една жена, воведени драстични мерки (ВИДЕО)

Пливањето на брегот во Бретанија во Франција е забрането откако сексуално фрустриран делфин упорно ги вознемирувал туристите, со цел да ги задоволи своите потреби.

Делфинот по име Зафар непрестано им се доближувал на туристите на плажата Ландевенец па се тријал од нив, но и од малите бродови, пренесува “Unilad”.

Туристите биле спречени во нивната намера да пливаат, а една жена дури била фрлена во воздух.

“Пливањето е забрането на плажата кога ќе се забележи присутност на делфини во морето. Исто така, забрането е приближување на делфин на оддалеченост помала од 50 метри”, објавил градоначалникот Рожер Ларс и покрај негодувањето од многумина дека забраната е смешна.

Сепак, забраната останува во сила се додека научниците не истражат подобро на што се должи таквото однесување на делфинот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.