По повеќе години пауза, вечерва во Прилеп гостуваше скопски Вардар, некогашен двократен европски шампион, сега актуелен македонски шампион.
Според очекувањата, во салата од училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ убедлив триумф на „црвено-црните“ со 34:21, полувреме 22:10.
Домашниот суперлигаш Прилеп, некомплетен без повредените Трајкоски, Рустамов, Манчески и Хари Павлов, имаше дуел на кој собираше искуство.
Може да се каже дека прилепскиот тим играше со Вардар, но со мислите беше кон Радовиш. Ова е така затоа што по два дена, в сабота, е мошне значаен меч од 20. коло на Супер лигата, Радовиш – Прилеп.
Вечерашниот натпревар помина во фер-игра од двете страни.