(Фејсбук статус на новинарот Бобан Нонковиќ)
Што е најголемата лага во врска со референдумското прашање, односно конкретно дека ако излеземе, па уште и ако гласаме ЗА, дека тогаш ќе сме биле поблиску до ЕУ:
– Од 01.01.2020 година, во ЕУ и Шенген-просторот стапува на сила ЕТИАС (Европски информациски систем за патување и авторизација), со цел регистрација на движење за сите граѓани што доаѓаат од земја што не е членка на ЕУ.
– Тоа значи дека ако оттогаш патуваш во било-која земја-членка на ЕУ, ќе мора најмалку 48 часа претходно, компјутерски да се регистрираш на системот, плаќаш седум евра и приложуваш документи каде и зошто одиш, дали си осудуван, дали си вработен итн, итн. И, ако си им сомнителен или така одлучат, ќе бидеш одбиен и нема да добиеш авторизација за да допатуваш на посакуваното место внатре во Европската унија!
– Значи, без разлика на референдумскиот исход, граѓаните на Република Македонија, но и на останатите 60 држави со кои Унијата има безвижен режим, за година и три месеци отсега – добиваат нов визен режим!
– Единствена разлика, тогаш ќе биде што ако помине референдумот и се прифати договорот со Грција, ние не само што до 2035 г. не можеме да станеме членка на Европската унина, туку само за посета на некоја ЕУ-земја, повторно ќе ни требаат визи, само што ќе ги вадиме како Северно-македонци!
#ЈаСакамЕУ #НоПовеќе #ЈаСакамМакедонија и #Вистината
https://www.schengenvisainfo.com/etias/