Над 450 производи на Витаминка ќе бидат презентирани на престижниот саем ISM 2026 во Келн, Германија

Во периодот од од 1ви до 4ти февруари Витаминка е повторно дел од најголемиот и најпрестижен интернационален саем за иновации и трендови во кондиторската индустрија, ISM 2026 кој се одржува во Келн, Германија.

На светската сцена Витаминка ќе го презентира целосниот асортиман производи кој се состои од над 450 брендирани пакувања од слатката програма, кондиторски производи, солени и крцкави закуски.

Со присуството на овој настан, Витаминка ги започнува активностите поврзани со 70-годишниот јубилеј, воедно и како потврда за континуираното присуство на светските пазари и интернационалниот успех на компанијата во FMCG индустријата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.