Над 40 проценти од граѓаните се за избори во август или септември, само 24% за во јули

Граѓаните се согласуваат дека подобро е да има избори кон крајот на август или септември со цел да се намали ризикот од новозаразени од коронавирус и да се обезбеди поголема излезност.

Податоците од најновата анкета на ИПИС говорат дека 40,2 проценти од испитаниците се согласиле со избори во август или септември, додека 24,8 проценти сметаат дека подобро е да има избори на почетокот на јули за да има целосно функционални институции.

На ова прашање се изјасниле дека немаат одговор 35 проценти од анкетираните.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 5 Јуни 2020 на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за состојбите со коронавирус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.