Александар Рунески од Прилеп е еден од многумината рекреативци велосипедисти, чиј број во последно време е се поголем во градот.
Рунески секое слободно време го поминува на педали и активно вози велосипед изминатите години.
Денеска тој ни пренесе дека успеал по 253 пат да го совлада со велосипед планинскиот превој Плетвар, што веројатно е рекорд кој ретко кој ќе може да го сруши.
Инаку превојот Плетвар на регионалниот пат Прилеп-Градско е на висина од 998 метри надморска височина и има стрмна угорнина за која навистина треба напор и пот да се совлада толку многу пати.