Наградна игра: Преку цртежи за најголемата приватна пошта ЕЛС до големи награди и изненадувања за децата

Сите деца до 14 години во предновогодишниот период ќе имаат можност да ја искористат својата фантазија и својата креативност и да учествуваат во наградната игра што ја организира најголемата приватна пошта Еко Логистик Сервис (ЕЛС).

Ликовниот конкурс е на тема „Како ја замислувате најголемата приватна пошта ЕЛС“, а најмладите преку цртежи ќе можат да се изразат како замислуваат дека нивните пратки стигнуваат во нивни раце. Наградната игра започнува денеска, 11 декември 2024, а завршува на 29 декември 2024 година.

Сите цртежи што ќе пристигнат ќе бидат објавени на официјалната Фејсбук страница на ЕЛС, каде што преку „лајкови“ ќе се одвива и гласањето. Трите цртежи со најмногу лајкови ќе добијат преубави награди кои ќе пристигнат на наведените адреси на добитниците пред Новата 2025 година, a изненадувања ќе има и за останатите учесници.

Цртежите можат да се испратат на електронската пошта на официјалната Фејсбук страница на ЕЛС, на електронската адреса [email protected] или пак да се донесат во најблискиот хаб на ЕЛС со назнака: Новогодишен поштенски фаx, Дирекција на ЕЛС, 15 Корпус Автокоманда, 1000 Скопје.

Воедно, секое основно/средно училиште што сака да ги приклучи своите ученици во наградната игра, може да се обрати на електронската адреса [email protected] со цел да се постават кутии за цртежи во училиштето.

ЕЛС организираше наградна игра на истата тема и минатата година, а пристигнаа 53 цртежи. Децата својата креативност и фантазија ја изразуваа цртајќи камиони, авионски пратки, облаци. Според бројот на гласови, првата награда – душек за спиење ја доби Марко, втората награда – ранец со прибор за цртање ѝ припадна на Мила, а третата – новогодишно пакетче отиде во рацете на Димитар. Нивните цртежи можете да ги погледнете во прилог.

Еко Логистик Сервис и понатаму ќе продолжи редовно се вклучува во хуманитарни и донаторски акции од секаков вид, особено кога станува збор за децата и ранливите категории граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.