Навивачката група “Мајмуни” го поддржа семакедонскиот протест: Должност ни е да го мислиме братот Јане Ченто

По повод четвртата годишнина од настаните од 27 април 2017 година, на 25 април во Скопје ќе се одржи семакедонски мирен протест под слоганот „демократија во Македонија и слобода на уставобранителите“. Протестот го поддржаа и ВМРО-ДПМНЕ, а денеска поддршка стигна и од навивачката група “Мајмуни” кои најавија дека ќе присуствуваат на истиот.

“Должност и чест ни е да го споменеме Македонизмот, должност е да го мислиме братот Јане Ченто и останатите МАКЕДОНЦИ кои ги однесе самата атмосфера и Македонското во нив онаму каде што се сега.

Кој, како и за што се осудени добро ни е познато и сега нема да го коментираме истото,без многу размислување, остануваме на истиот став за подршка на уставобранителите како до сега така и од сега.

Затоа на 25ти (недела) ние како група исто како и минатиот пат ќе ја дадеме нашата подршка за за слобода на Македонија за слобода на Јане Ченто, слобода за браќата од 27ми април”, напишаа од навивачката група на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.