Веќе стана секојдневие да се забележи некој од новите 4 автобуси болиди со дефект низ улиците на Прилеп
Купени за речиси 1 милион евра, граѓани често ги забележуваат четирите нови автобуси од јавниот градски превоз со дефекти по улиците низ Прилеп.
Фотографијата која ја добивме од наш читател е од пред неколку дена и е направена на улицата “Прилепски бранители”.
На истата јасно се гледа дека автобусот стои и на него се интервенира.
За тендерот со новите автобуси “болиди” се зборуваше многу, а од опозицијата обвинуваа дека истите се натплатени и купени без објавен меѓународен тендер.